БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Грчки владини извори ги демантираат сценаријата за реконструкција на владата на Мицотакис

Владата функционира добро и ефективно. Не е можна реконструкција во време на криза, им рекол грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на неговите соработници и додал дека министрите имаат работа пред нив, брифираат грчки владини извори, кои воедно ги демантираат сценаријата објавени во медиумите за реконструкција на владата, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 17 мај 2020 (МИА) – Владата функционира добро и ефективно. Не е можна реконструкција во време на криза, им рекол грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на неговите соработници и додал дека министрите имаат работа пред нив, брифираат грчки владини извори, кои воедно ги демантираат сценаријата објавени во медиумите за реконструкција на Владата, јави дописничката на МИА од Атина.

Истите извори, демантирајќи ги сценаријата, истакнуваат дека постојат многу отворени прашања, но и дека Владата има висок рејтинг на сите истражувања.

– Интересот на премиерот е насочен кон справувањето со пандемијата, кон рестартирањето на туризмот и економската активност во целина и кон справувањето со проблемите со вработеноста, за да се ограничат загубите на работните места. Токму поради тоа има постојани состаноци и сака министрите да бидат фокусирани на работата, а не на сценаријата, истакнуваат грчките владини извори. ср/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close