0_Магазин.ПорталПатувања

Гранд Кањон ќе биде затворен поради коронавирусот

Гранд Кањон е еден од последните големи национални паркови во САД, којшто се затвора. Јосемити и Јелоустоун беа затворени уште во март.

Феникс, 2 април 2020 (МИА) – Американскиот Национален парк Гранд Кањон ќе биде затворен до следната одлука, поради пандемијата на коронавирус.

„Здравјето и безбедноста на посетителите на паркот, службениците, жителите, доброволците и партнерите во Националниот парк Гранд Кањон се приоритет број еден за службата”, истакна вчера Националната служба за паркови.

Гранд Кањон е еден од последните големи национални паркови во САД, што се затвора. Јосемити и Јелоустоун беа затворени уште во март.

Знаменитата област има два главни влеза – од север и од југ. Околу пет милиона луѓе годишно ја посетуваат оваа туристичка атракција, што воедно е и значителен приход за државата.  си/сд/

Таг
Back to top button
Close
Close