0_Спорт.ПорталОстанато

Гран при во Формула 1 на Велика Британија може да биде во опасност

Британските власти решија да воведат задолжителен 14-дневен карантин за сите што пристигнуваат во земјата со авион. Ова беше соопштено од страна на владата до локалните авиокомпании, информира Би-Би-Си.

Лондон, 11 мај 2020 (МИА) – Британските власти решија да воведат задолжителен 14-дневен карантин за сите што пристигнуваат во земјата со авион. Ова беше соопштено од страна на владата до локалните авиокомпании, информира Би-Би-Си.

Ваквата одлука ја загрозува можноста за одржување на „британското гран-при“.

Во прелиминарниот календар на сезоната 2020 година, првата фаза во Силверстон е закажана за 26 јули – две недели по трката во Австрија. Ако британските власти навистина го воведат најавеното правило, тогаш учесниците на Формула 1 нема да имаат време да пристигнат на трката до почетокот на Гран-при. Во тоа време, сите возачи, инженери и механичари ќе треба да бидат во карантин. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close