Дописници МКДОпштински вести

Градскиот стадион во Крива Паланка доби нова атлетска патека

На градскиот стадион во Крива Паланка направена е нова атлетска патека изработена од тартан со која комплетно е променет ликот на стадионот.

Крива Паланка, 15 мај 2020 (МИА) – На градскиот стадион во Крива Паланка направена е нова атлетска патека изработена од тартан со која комплетно е променет ликот на стадионот.

-Градскиот стадион е опремен со нова тартан патека по стандардите на Светската атлетска федерација.  Инвестицијата е вредна околу 2.5 милиони денари, а се реализира како дел од проектот „Подобра спортска инфраструктура, подобро здравје за сите“,  финансиран од Амбасадата на Република Бугарија во РС Македонија. Со ова ги продолжуваме  инвестициите во нови спортски терени, за нови победи и спортски достигнувања, изјави градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Проектот е насочен кон младите од општината, ученици, спортисти и рекреативци со цел нивна поголема вклученост во спорт и спортско-рекреативни активности.

Вкупната вредност на сите проектни активности од околу 73.000 евра, од кои 25 отсто кофинансира општината, покрај атлетската патека по сите стандарди на Светската атлетска федерација, во завршна фаза е и уредувањето на мини-голф терен и изградба на скејт-парк, на локацијата покрај стадионот. иб/ир

Таг
Back to top button
Close
Close