Дописници МКДОпштински вести

Градскиот пазар во Берово од утре отворен за сите производи

По неколку месечна пауза, од утре текстилните и останатите производи, повторно ќе се најдат на тезгите на пазарот во Берово. Досега на пазарот се продаваше исклучиво овошје и зеленчук, а согласно одлуката на надлежните, отсега со почитување на мерките за заштита од КОВИД-19 ќе се продаваат и останати производи.

Берово, 24 јуни 2020 (МИА) – По неколку месечна пауза, од утре текстилните и останатите производи, повторно ќе се најдат на тезгите на пазарот во Берово. Досега на пазарот се продаваше исклучиво овошје и зеленчук, а согласно одлуката на надлежните, отсега со почитување на мерките за заштита од КОВИД-19 ќе се продаваат и останати производи.

– Согласно одлуката на Општинскиот кризен штаб, од утре, четврток 25 јуни 2020 година, градскиот пазар во Берово, покрај за овошје и зеленчук ќе биде отворен и за сите текстилни и останати производи. Со цел заштита на сопственото и здравјето на сите останати граѓани апелираме на почитување на мерките и препораките за заштита од вирусот за време на пазарниот ден, истакнаа од Општинскиот кризен штаб.

Додадоа дека во текот на денешниот ден, како дел од мерките за заштита ќе биде извршена дезинфекција на тезгите и просторот околу пазарот.

– Ова е стандардна постапка која константно ќе ја спроведуваме додека траат мерките за заштита од коронавирусот. Дезинфекција покрај пред почетокот на пазарниот ден, ќе се спроведе и по неговото завршување, а освен тоа дезинфициенси ќе бидат поставени на влезот на пазарот, додадоа од Општинскиот кризен штаб.

Носењето заштитни маски, како што дополнија, остануваат обврска на секој посетител, но и продавач на тезгите кои ќе бидат поставени на дистанца согласно предвидените мерки за заштита. вс/мс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close