Дописници МКДОпштински вести

Градскиот парк во Дојран во завршна фаза на уредување

Во рамки на проектот за локална и регионална конкурентност, што се реализира со финансиска помош на Европската унија и државата, во Дојран се изведуваат финалните градежни работи за партерно и хортикултурно уредување на зелената рекреативна зона во централниот градски парк, велат од локалната самоуправа.

Гевгелија, 23 април 2021 (МИА) – Во рамки на проектот за локална и регионална конкурентност, што се реализира со финансиска помош на Европската унија и државата, во Дојран се изведуваат финалните градежни работи за партерно и хортикултурно уредување на зелената рекреативна зона во централниот градски парк, велат од локалната самоуправа.

-Со реализацијата на овој проект значително се промени и подобри ликот на централното градско подрачје во кое очекуваме наредните денови, во пресрет на Велигденските и Првомајските празници, да бидат поставени детски реквизити за играње и да се инсталира ново осветлување, рече градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов.

Нов лик и помодерен Дојран во пресрет на празниците и годинашнава туристичка сезона, по реализацијата на проектот очекуваат и угостителите, туристичките работници и приватните издавачи на легла кои се надеваат дека пандемијата ќе стивне, дека надлежните органи ќе ги олабават рестриктивните мерки за заштита од Ковид-19 и дека сепак, со почитување на одредени здравствени протоколи годинава ќе имаат многу поберикетна туристичка сезона во споредба со минатото лето. им/рп/

Таг
Back to top button
Close
Close