0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Градската теретана во М.Каменица од понеделник повторно почнува со работа

Љубителите на спортски активности од Македонска Каменица, кои пред воведувањето на мерките за заштита од ковид-пандемијата ја користеа Градската теретана, од понеделник повторно ќе можат да ги користат услугите. Градската теретана согласно објавениот правилник и протоколот за работа, ќе работи од понеделник до сабота и истата ќе можат да ја користат спортските клубови и спортисти индивидуалци.

Македонска Каменица, 6 февруари 2021 (МИА) – Љубителите на спортски активности од Македонска Каменица, кои пред воведувањето на мерките за заштита од ковид-пандемијата ја користеа Градската теретана, од понеделник повторно ќе можат да ги користат услугите. Градската теретана согласно објавениот правилник и протоколот за работа, ќе работи од понеделник до сабота и истата ќе можат да ја користат спортските клубови и спортисти индивидуалци.
-Теретаната започнува со работа од понеделник 8 февруари 2021 година. Периодот од 10 до 16 часот ќе биде одреден за спортските клубови во Македонска Каменица, додека од 16 до 21 часот, теретаната ќе работи за сите граѓани и спортисти индивидуалци, кои со претходно најавен термин ќе можат да ја посетат и да ги користат нејзините услуги. Градската теретана за време на вонредната состојба поради пандемијата со Ковид-19 редовно е дезинфицирана, а внатрешниот дел целосно е бојадисан. Просторот е целосно уреден, а на повеќе места ќе бидат поставени пултови за дезинфекција на раце и обувки, стои во правилникот за работа на теретаната.
Теретаната како што додадоа вработените, започнува со работа поради големиот интерес на граѓаните за спорт и рекреација, како и поради потребата на спортските клубови во М.Каменица од дополнителни подготовки во преодниот период, пред почетокот на пролетниот дел од натпреварувачките сезони.
-За време на користењето на теретаната остануваат задолжителни мерките за заштита од Ковид-19, поради што задолжително е корисниците и посетителите на теретаната со себе да носат и дополнителна опрема за хигиена.  Пред и за време на вежбањето задолжителна е дезинфекција на рацете и машините со средствата кои ќе бидат оставени на неколку места во теретаната, додадоа вработените во Градската теретана.
Строгото придржувањето кон правилникот и протоколите за работа на Градската теретана, како што додадоа ќе бидат основниот услов за нејзино користење, додека со почитување на протоколите за заштита од Ковид-19 сите ќе придонесат за штитење на личното и јавното здравје во градот. вс/см/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close