Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Градската фонтана во Богданци ќе се реконструира

За три дена истекува огласот за јавна набавка што е распишан за доставување понуди од економските оператори за реконструкција на фонтаната во градскиот парк во Богданци, соопштија денеска од општината.

Гевгелија, 23 април 2021 (МИА) – За три дена истекува огласот за јавна набавка што е распишан за доставување понуди од економските оператори за реконструкција на фонтаната во градскиот парк во Богданци, соопштија денеска од општината. На 26 април ќе се избере фирмата што доставила најниска цена.

-Проектираната вредност за реконструкција на фонтаната, утврдена од страна на локалната самоуправа, изнесува 850.000 денари или околу 14.000 евра, а согласно условите од огласот за јавна набавка, градежните работи треба да завршат во рок од еден месец, велат од општина Богданци.

Реконструкцијата на фонтаната во Богданци ќе се одвива според проект на фирмата „Хидро градежен инженеринг“ од Скопје кој покрај градежните работи на фонтаната предвидува оплеменување на просторот со садници и негово осветлување. им/вг/

Back to top button
Close
Close