Дописници МКДОпштински вести

Градската библиотека од Гевгелија го одбележа патрониот празник

Со поетско ликовна колонија, со почитување на протоколите и мерките за заштита од Ковид-19, денеска на просторот пред библиотеката, градската библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија го одбележа својот патронен празник.

Гевгелија, 4 февруари 2021 (МИА) – Со поетско ликовна колонија, со почитување на протоколите и мерките за заштита од Ковид-19, денеска на просторот пред библиотеката, градската библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија го одбележа својот патронен празник.

Во рамки на прославата на патрониот празник, поезија читаа роднокрајните автори Стефан Марковски, Жаклина Атанасова, Кирил Кангов, Стефчо Стефанов, Катерина Гогова, Димитар Арнаудов, Лилјана Пецова, Олгица Ќурчиева, Ценка Попова Милковска, Пепи Стамков,Љубица Томова и Петар Јанчев.

Во просториите на библиотеката беше инсталирана изложба на дела од гевгелискиот уметник Миле Ничевски. им/мс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close