Дописници МКДОпштински вести

Градот Тетово со најмногу заболени од новите случаи со Ковид-19 во регионот

Од 16 нови заболени во тетовско, 14 се жители на општина Тетово, информираат од тетовскиот Центар за јавно здравје. Тие 14 се претежно луѓе од градот, а има неколку случаи регистрирани во селото Селце.

Тетово, 6 јуни 2020 (МИА) – Од 16 нови заболени во тетовско, 14 се жители на општина Тетово, информираат од тетовскиот Центар за јавно здравје. Тие 14 се претежно луѓе од градот, а има неколку случаи регистрирани во селото Селце.

– По еден случај има во општина Теарце и општина Јегуновце, потенцираат од Центарот за јавно здравје Тетово.

Тетовскиот регион денеска има и едно лице кое се излечило, а според бројките на Институтот за јавно здравје вкупно оздравени во тетовски регион се 133 лица. Починати се вкупно 25 лица.

Сега има 115 активни случаи, односно заболени, а вкупно дијагностицирани се 273 луѓе во тетовскиот регион. ас/мс/

Back to top button
Close
Close