КултураКултура.Портал

„Градот и градот“ од Чајна Миевил објавен на македонски јазик

Во издание на „Бата прес“, на македонски јазик е објавен „Градот и градот“, најпознатото дело од реномираниот британски писател Чајна Миевил.

Скопје, 12 септември 2020 (МИА) – Во издание на „Бата прес“, на македонски јазик е објавен „Градот и градот“, најпознатото дело од реномираниот британски писател Чајна Миевил.

Според овој роман во Лондон е снимена популарна телевизиска серија во продукција на Би-би-си (BBC). Станува збор за детективски роман со елементи на фантастика.

– Одличен роман на тема полициски процес и прекрасна урбана фантастика, ова е основно четиво за љубителите на детективски и фантастичен роман, коментира „Буклист“ (Booklist).

– Кога духовното чедо на Филип К. Дик и Рејмонд Чандлер би го негувал Франц Кафка, делото што од тоа би настанало би потсетувало на романот Градот и градот од Миевил, бележи „Лос Ангелес Тајмс“ (Los Angeles Times).

Чајна Миевил (1972) е писател, есеист, книжевен критичар и левичарски активист. За своите книжевни дела ги има добиено наградите: „Артур Ч. Кларк“, Британската награда за фантастика, наградата „Локус“, а делото „Un Lun Dun“, „Њујорк Тајмс“ го прогласи за бестселер за млади читатели. Живее и работи во Лондон. мд/дма/

Back to top button
Close
Close