Дописници МКДОпштински вести

Градоначалникот Таравари оствари консултатитивна средба со просветниот инспектор Илиевски

Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари денеска оствари средба со вишиот просветен инспектор Ѓорги Илиевски на која се консултирал и побарал совети за актуелните состојби откако деновиве Министерството за образование испратило инспекции во општинските училишта.

Гостивар, 21 јануари 2020 (МИА) – Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари денеска оствари средба со вишиот просветен инспектор Ѓорги Илиевски на која се консултирал и побарал совети за актуелните состојби откако деновиве Министерството за образование испратило инспекции во општинските училишта.

Таравари изрази сомнеж дека последните инспекциски контроли се испратени за да најдат неправилности и како што нагласи, се обид за по трет пат да му се одземат ингеренциите во образованието.

– Инспекторот Илиевски има големо искуство во сферата на образованието. Тој ни е познат и како човек кој „започна војна“ со институциите во име на правдата. Тој се одзва на мојата покана за да ги слушнеме неговите совети и препораки како да постапуваме. Знам дека функционерите од СДСМ ќе излезат и ќе кажат, дека тоа го прави ДУИ, но не е така, СДСМ ги штити со што целата држава станува заложник на нивните криминали, изјави Таравари.

Вишиот просветен инспектор Ѓорѓи Илиевски за состојбите во Гостивар, напомена дека гостиварската локална власт, не е миленик на централната власт и дека општината вложува максимални напори за да се спроведе образовниот процес. Тој беше дециден и порача образованието да се одвои од политиката и инспекторите да не потпаѓаат под влијание на политичките моќници.

– Моите колеги не треба да се плашат и да не доаѓаат само во Гостивар, туку да појдат и во Струга. И таму да проверат, кој има ненострифицирана и фалсификувана диплома за докторат и други над 800 ненострифицирани дипломи. Состојбата во училиштата во Струга е катарсторфална исто како и во Тетово, Штип, Делчево. Не може да се декларира општество за сите, а законите да важат за едни, а за други не, изјави Илиевски по средбата.

Тој го посочи градоначалникот Тараври како совесен и одговорен функционер кој иако држи настава на Тетовскиот и скопскиот универзитет, не добива пари за таа работа. Тој притоа напомена дека по поведените постапки што ги покренаел против неколку актуелни функционери, тие ги вратиле парите кои ги добивале додека извршувале јавни функции и биле наставници на универзитетите низ земјава. згм/вг/

Back to top button
Close
Close