Дописници МКДОпштински вести

Градоначалникот на Кичево, Дехари упати честитка по повод Рамазан бајрам

Градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари упати честитка до верниците од исламска вероисповед по повод празникот Рамазан бајрам. 

Кичево, 13 мај 2021 (МИА) – Градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари упати честитка до верниците од исламска вероисповед по повод празникот Рамазан бајрам.

-Почитувани сограѓани и драги наши од дијаспората, во име на Општина Кичево, локалната самоуправа, Советот на општината и во свое лично име, на сите верници од исламска вероисповед Ви го честитам празникот Барам. Ви посакувам овој празник да помине во слога, солидарност и благосостојба во семејството на секој верник. Нека Бајрам послужи како момент на нашата свесност, меѓусебно да се почитуваме и да ги збогатуваме меѓучовечките вредности. Среќен Бајрам на вам и вашите семејства, рече во поздравната честика градоначалникот Дехари. за/рп/

Back to top button
Close
Close