Дописници МКДОпштински вести

Градоначалникот на Дебар, Дука на средби со дебарската дијаспора во САД

На покана на татковинското друштво „Дибра“, градоначалникот на Дебар Хекуран Дука се наоѓа во повеќедневна посета на САД, каде што живее многубројна дебарска дијаспора.

Дебар, 12 април 2021 (МИА) – На покана на татковинското друштво „Дибра“, градоначалникот на Дебар Хекуран Дука се наоѓа во повеќедневна посета на САД, каде што живее многубројна дебарска дијаспора.

-За време на престојот ќе имаме средби и разговори со претставниците на здруженијата на дебрани во Стејт Исланд и Њу Џерси, каде што концентрацијата на нашинците е најголема. Ќе разговараме за унапредување на соработка со здруженијата, напиша на Фејсбук градоначалникот Дука.

Додава дека ќе биде формираме заедничка група, во која ќе има претставници на општината и стопанственици по потекло од овој крај, активност која била планирана да се реализира минатото лето, но поради пандемијата со Ковид-19 тие не дојдоа во Дебар.

-Пред нашинците ќе ги презентираме реализираните проекти во изминатите две години, од кога сум градоначалник, за да и тие непосредно се запознаат со нашата работа. Исто така ќе ги запознаеме со проектите кои се во тек или чекаат на реализација за да може да помогнат. Секако неодминливо ќе биде и прашањето за условите кои ги нудиме за да тие вложуваат во родниот крај, посочува тој.

Во делегацијата се и Или Мирзо секретар на општината и Блерон Сефери, од секторот за информирање.

Од Дебар и Центар Жупа во САД има повеќе од 15 илјади иселеници, од нив дури 97 отсто се од општина Дебар.вт/дма/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close