ЕвропаЕвропа.Портал

Градоначалникот на Бриж избоден со нож во вратот, опериран и е вон животна опасност

Градоначалникот на Бриж во Белгија, Дирк Де Фов (62) денеска беше прободен со нож во вратот, а по операцијата закрепнува и е вон животна опасност, додека неговиот напаѓач е уапсен, објави обвинителството на градот.

Брисел, 20 јуни 2020 (МИА) – Градоначалникот на Бриж во Белгија, Дирк Де Фов (62) денеска беше прободен со нож во вратот, а по операцијата закрепнува и е вон животна опасност, додека неговиот напаѓач е уапсен, објави обвинителството на градот.

– Тој е добар, но мора да остане во болница до утре, додаде обвинителството во соопштение.

Според првичните извештаи, градоначалникот, кој исто така е адвокат, бил нападнат од поранешен клиент кого некогаш го бранел на суд.

Локалните медиуми јавуваат дека градоначалникот во моментот на нападот бил со својот возач, кој веднаш го префрлил во болницата, каде му била санирана раната. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close