Општински вестиСкопје

Градоначалникот Марин на увид во градежните работи на местото каде се гради парк во Мичурин

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин денеска изврши увид во градежните работи на местото каде се гради нов парк во населбата Мичурин.

Скопје, 6 март 2020 (МИА) – Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин денеска изврши увид во градежните работи на местото каде се гради нов парк во населбата Мичурин.

Од Општината соопштија дека овој урбан парк, што се гради на постојното игралиште спроти ОУ „Блаже Конески“ ќе зафаќа површина од 3.573 квадратни метри, а ќе понуди зелени површини, детско игралиште, пешачки патеки со клупи, комбинирано спортско игралиште за рекреација, како и место за друштвени игри за најмладите, а ќе има и артерски бунар за наводнување.

Општина Аеродром, покрај овој парк, во наредниот период ќе изгради повеќе паркови на различни локации. Два од урбаните парка ќе бидат во Стар Аеродром, покрај улиците „Методија Шаторов Шарло“ и „Пандил Шишков“, а нов парк ќе се гради меѓу булеварот „Трета македонска бригада“ и касарната „Гоце Делчев“, како и на улицата „Бојмија“, стои во соопштението. рп/скс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close