Општински вестиСкопје

Градоначалникот Марин изврши увид во реконструкцијата на паркингот

Реконструкцијата на паркингот што се протега по должината на булеварот „Јане Сандански“, почнувајќи од ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, па сѐ до раскрсницата со булеварот „Србија“, се одвива според предвидената динамика, констатира градоначалникот Златко Марин.

Скопје, 15 септември 2020 (МИА) – Реконструкцијата на паркингот што се протега по должината на булеварот „Јане Сандански“, почнувајќи од ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, па сѐ до раскрсницата со булеварот „Србија“, се одвива според предвидената динамика, констатира градоначалникот Златко Марин.

При денешниот увид, Марин најави реконструкција на сите паркинзи и сервисни улици и тротоари на овој потег во четири фази, со вкупна површина од околу 36 илјади квадратни метри. Исто така, во соработка со ЈП „Градски паркинг“ ќе бидат обележани паркинг-местата и ќе се постави нова вертикална и хоризонтална сигнализација за целосна безбедност на граѓаните. Се очекува реконструкцијата да заврши за четири месеци.

Градоначалникот Златко Марин им се заблагодари на жителите од овој дел за нивното разбирање и трпение и истакна дека подобрувањето на инфраструктурата е од големо значење за сите граѓани. мч/дма/

Back to top button
Close
Close