0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Градоначалникот Дука демантира дека Дебар е под карантин, но презема максимални активности за да се спречи ширењето на коронавирусот

Дебарскиот градоначалник Хекуран Дука на денешната средба со новинарите ги демантираше информациите на одредени портали и други медиуми дека Дебар е во карантин.

Дебар, 13 март 2020 (МИА) – Дебарскиот градоначалник Хекуран Дука на денешната средба со новинарите ги демантираше информациите на одредени портали и други медиуми дека Дебар е во карантин.

– Ги замолувам сите медиум да не шират дезинформации со што предизвикуваат непотребна паника не амо во градот, туку и пошироко. Досега во Дебар не е воведен карантин. Во градот имаме потврдени пет случаи со коронавирус, за десет се чекаат резултатите од тестирањето, додека 31 лице се во домашна изолација, рече Дука.

Додаде дека во текот на денот ќе пристигат две специјални екипи кои треба да ја отлискаат сосотојбата.

Правејќи ретроспектива на преземените мерки и актвиности, тој информираше дека е формиран Оператвен штаб, во кој се претставници на сите надлежни институции.

– Синоќа почнавме со дезнифекција на населбите во градот. Почнавме од населбата „Коњаре“ каде е жариштето на вирусот. Вечерва и следните денови ќе се продолжи и во другите населби и населени места. Јавното комунално претпријатие „Стандрад“ веќе неколку дена врши миење на улиците во вечерните часови, а денеска врши дезинфекција на сите јавни и прометни површини, контејнери, канти и корпи за отпад низ градот, како и спортските игралишта и терени, нагласи Дука.

Преземените активности од страна на општината ги оцени како максимални и се заблагодари до сите сопстевници на кафулиља, фризерски салони, интернет и други кои целосно прекинале со работа. Се заблагодари и на верниците во Дебар кои ја почитуваат препораката на дебарското муфтиството и молитвите ги вршат дома.

– Апелирам до сите строго да ги почитуваат препораките, бидејќи најпрво треба да си помогнеме самите себеси со тоа што ќе избегнуваме групни собирања, домашни посети и слично. Препорачувам затворање на сите деловни објкети, освен маркетите за храна и аптеките, посочи Дука.

Информраше дека планира средба со градоначалниците на Центар Жупа, каде има двајца заразени и 11 во домашна изолација, и на општина Маврово и Ростуше, со цел да се координираат активностите како соседи, но и поради фактот што во трите општини по појавата на коронавирусот во Италја пристигнати се поголем број граѓани. вт/рп/

Back to top button
Close
Close