Дописници МКДОпштински вести

Градоначалниците на Делчево и Виница на меѓународна конференција на ,,Патот на свилата”

Општините Делчево и Виница ги продолжуваат своите активности во рамки на Урбаната алијанса „Патот на свилата".

Делчево, 9 декември 2019 (МИА) – Општините Делчево и Виница ги продолжуваат своите активности во рамки на Урбаната алијанса „Патот на свилата”.

Градоначалниците на Делчево и Виница, Горан Трајковски и Ивица Димитров, учествуваат на Меѓународната конференција во градот Ангангјаџие, НР Кина, на која над 200 делегати од целиот свет дебатираат за изнаоѓање решенија за заеднички урбан развој на општините кои се дел од оваа Алијанса.

-На самата конференција присуствуваат делегати од целиот свет од областа на туризмот и развојот, меѓународни туристички организации, претпријатија, како и научници и експерти. Меѓународната конференција Урбана алијанса „Патот на свилата“ е на тема „Дијалог за еколошка конзервација, решение за заеднички урбан развој“, а заеднички иницирана од комората за меѓународна трговија на Силк Роуд и Кинеската асоцијација за пријателство, истакна Трајковски.

Со ова, како што додаде, општините Делчево и Виница продолжуваат да бидат активни учесници во рамките на процесот за градење платформа за поврзување на градовите од различни земји и региони, кои се дел од Урбаната алијанса „Патот на свилата“.

-Овој настан е од исклучително значење за Делчево и Виница, бидејќи како полноправни членки на Алијансата имаме можност за разменување искуства со градови од  Украина, Грција, Палестина, Полска, Турција и други држави, посочи Трајковски.

Делчево и Виница се први општини од Македонија кои се дел од оваа Алијанса, која дава можност за промовирање на своите можности за развој, туристичките и економските потенцијали, како и владините економски мерки.

Урбаната алијансата „Патот на свилата” е здружение на градови од различни земји и региони врз основа на вредностите на еднаквоста, реципроцитетот и доброволноста. Таа има за цел да им помогне на градовите-членки да ги искористат можностите за развој и инвестициите и трговијата што ги носи оваа иницијатива. вс/рп/

Back to top button
Close
Close