Дописници МКДОпштински вести

Градоначалниците Дука, Куртовски и Ибраим го честитаа Рамазан Бајрам

Градоначалниците на Дебар, Маврово и Ростуше и на Центар Жупа, до сите верници во регионот и пошироко упатија честитка  по повод големот празник Рамазан (Фитр) Бајрам.

Дебар, 24 мај 2020 (МИА) – Градоначалниците на Дебар, Маврово и Ростуше и на Центар Жупа, до сите верници во регионот и пошироко упатија честитка  по повод големот
празник Рамазан (Фитр) Бајрам.

– После едно долго патување со постење и трпеливост, стигнавме до крајот на светиот месец Рамазан. Празникот на Фитр Бајрам е крунисување на сето она што го поминавме во име на семоќниот Создател. Со целото мое срце и душа, им посакувам среќен Фитр Бајрам на сите граѓани на општина Дебар и пошироко. Имајте здравје и благосостојба во вашите семејства. Луѓето кои постеле денеска блескаат. Нека Бог го прифати нивниот пост и нивните молитви,  стои во честитката на дебарскиот градоначалник Хекуран Дука.

Градоначалникот на општина Маворово Ростуше,Медат Куртовски честитка упати од негово лично име и во име на советот и администрацијата на општината.

– Денес го прославуваме еден од најголемите исламски празници. Зад нас е месецот Рамазан, месец кој беше исполнет со пост, молитва, зикр и правење добри дела. А денес е денот кога сите ја очекуваме наградата од нашиот Господар, Аллах џ. ш.На сите ви ги честитам овие бајрамски денови и ви посакувам добро здравје, среќа, радост, мир, благосостојба, почитување и секое добро.Вашите домови нека бидат исполнети со радост и празнична атмосфера а вашите животи со здравје, радост и хармонија со вашите семејства,стои во честитката на градоначалникот Куртовски.

Со желби празникот да го обележат во радост и среќа, со топли чувства кои ќе го исполнат семејниот дом упати градоначалникот на општина Центар Жупа,Аријан Ибраим.

– Нека е честит Фитр Бајрам со желби за многу здравје, среќа, радост, слога, благосостојба и разбирање меѓу сите луѓе во светот. Празникот Рамазан Бајрам нека ни даде поттик и нека ни носи мир во душата, благодет во семејството и среќа во заедницата. Посакувам што побрзо да
го надминеме предизвикот наречен Ковид-19 и целосно да се вратиме на нормалниот живот и празнување на светите денови онака како што им доликува сите заедно, наведува во
својата честитка градоначалникот Ибраим. вт/аа/

Back to top button
Close
Close