Дописници МКДОпштински вести

Градинки во општина Гевгелија ги подобруваат условите за престој на децата

Шест градинки на територијата на општина Гевгелија, кои работат во состав на ЈОУ „Детска радост“ во отсуство на децата почнаа инвестициски активности за подобрување на условите за престој во нив.

Гевгелија, 22 јуни 2020 (МИА) – Шест градинки на територијата на општина Гевгелија, кои работат во состав на ЈОУ „Детска радост“ во отсуство на децата почнаа инвестициски активности за подобрување на условите за престој во нив.

Во главната градинка во Гевгелија почна реконструкцијата на старите ѕидови и замената на дотраениот под, а во останатите пет објекти од кои два во Гевгелија и три во населените места Богородица, Негорци и Миравци во тек е бојадисување на ѕидовите, уредување на дворните површини и обновување на играчките во детските катчиња.

– Интензивните зафати ги почнавме со цел да го подигнеме нивото на комфорот на децата за време на нивниот престој во градинките. Со овие инвестиции ќе дадеме придонес за уште подобри материјални услови за реализирање и зголемување на квалитетот на педагошките стандарди кои ги нудат детските градинки, рече директорката Бети Стефановска.

Покрај ова, посочи Стефановска, предвидено е реновирање на сите магацински простории во објектите, како и поставување поквалитетна електрична инсталација во централната градинка во Гевгелија. им/рп/

Back to top button
Close
Close