0_Македонија.ПорталОпштински вестиСкопје

Градинката „Мајски Цвет“ во Тафталиџе 2 доби хибридни колектори

На еден од поновите објекти на градинката „Мајски цвет“, во Тафталиџе 2, поставени се колектори кои преку искористување на сончевата енергија произведуваат 300 литри санитарна топла вода и 3,2 киловати струја, информираат од Општина Карпош.

Скопје, 4 февруари 2021 (МИА) – На еден од поновите објекти на градинката „Мајски цвет“, во Тафталиџе 2, поставени се колектори кои преку искористување на сончевата енергија произведуваат 300 литри санитарна топла вода и 3,2 киловати струја, информираат од Општина Карпош.

Како што стои во соопштението, колекторите замениле четири стари бојлери (по 80 литри) и ќе придонесат за пониски трошоци за струја и вода. Инвестицијата е во вредност од 296.000 денари, буџетски средства на Општина Карпош, а поддршка за овој проект даде и компанијата „Солар и квазар“.

Од општината дополнуваат дека и на дневно ниво сè повеќе се зголемува интересот од граѓаните за користење на обновливите извори на енергија, во нивните индивидуални домаќинства. ар/бак/

Таг
Back to top button
Close
Close