0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Градинката „Детелинка” од Крива Паланка набави ново возило за транспорт на храна

За потребите на тековното работење раководство на детската градинка „Детелинка" од Крива Паланка набави ново возило за транспорт и дистрибуција на храната во трите клона на установата.

Крива Паланка, 2 февруари 2020 (МИА) – За потребите на тековното работење раководство на детската градинка „Детелинка” од Крива Паланка набави ново возило за транспорт и дистрибуција на храната во трите клона на установата.

– Покрај повеќето набавки кои во континуитет се вршат согласно потребите, заради дотраеност на постојното возило, набававивме ново возило „фиат“, за транспорт на храна до останатите објекти на градинката, кое чини 850.000 денари. Средствта се обезбедени од сопствениот буџет на градинката, а набавката се надополнува на останатите инвестирани средства за унапредување на работењето во изминатиот период во нашата институција, сума која за проектите што се реализираат и извршените набавки и опремувања изнесува над 12 милиони денари, рече директорката на ОЈУДГ „Детелинка”, Мирка Јакимовска.

Покрај тоа, потенцира таа, во изминатиот период од преземање на функцијата, од крајот на 2018 година, до денес, со средства од сопстевниот буџет на установата набавени се: клима уреди, 6 тв-лцд монитори, пет камини за затоплување, правосмукалки за подбрено одржување на хигиена, теписи за цел кат во објектот на ул.„св.Јоаким Осоговски“, за занималните. Набавени се и персонални компјутери, лап топ компјутери,

– Успеав и да извршам кадровско доекипирањеб, па во овој период се вработени вкупно дваесет лица, кадар кој беше потребен за непречено одвивање на работата во ОЈУДГ „Детелинка“, а напоредно со тоа, следејќи ги трендовите на работењето, вложуваме во конктинуитет во стручна надградба и усовршување на вработените со посета на семинари и едукативни работилници, дополни Јакимовска. ид/цр/

Back to top button
Close
Close