Општински вестиСкопје

Град Скопје започна со расчистување на дивата депонија во Рашче

Градот Скопје изминатиов период интензивно работи на расчистување на повеќедецениски диви депонии. Ја расчистивме депонијата во Кисела Вода, во Мичурин, во Визбегово и во дел од Вардариште кои полека прераснуваат во убави паркови и во места каде што скопјани може да го поминуваат своето слободно време во здрава животна средина, изјави градоначалникот на Град Скопје на денешната прес-конференција на која најави дека од денеска започнува расчистување на големата дива депонија на влезот во село Рашче. Од ова сметиште ќе бидат подигнати над 2.000 кубни метри отпад.

Скопје, 14 јуни 2021 (МИА) – Градот Скопје изминатиов период интензивно работи на расчистување на повеќедецениски диви депонии. Ја расчистивме депонијата во Кисела Вода, во Мичурин, во Визбегово и во дел од Вардариште кои полека прераснуваат во убави паркови и во места каде што скопјани може да го поминуваат своето слободно време во здрава животна средина, изјави градоначалникот на град Скопје на денешната прес-конференција на која најави дека од денеска започнува расчистување на големата дива депонија на влезот во село Рашче. Од ова сметиште ќе бидат подигнати над 2.000 кубни метри отпад.

Шилегов истакна дека главна цел е да се спречи повторно создавање депонија, како и да се спречи палење и загадување на амбиентниот воздух. Акцијата за расчистување на оваа дива депонија Градот Скопје ја спроведува во соработка со Општина Сарај, јавните градски претпријатија и со механизација од локалната бизнис заедница.

Тој најави дека веднаш по расчистувањето на оваа локација Градот Скопје и Општина Сарај ќе имаат засилен инспекциски надзор за да се спречи повторно создавање на депонијата и да се казнат оние што фрлаат отпад и создаваат вакви сметишта.

На денешната акција за расчистување на дивата депонија во Рашче присуствуваше и градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани. ки/ар/

 

Back to top button
Close
Close