0_Web_АктуелноОпштествоСкопје

Град Скопје в недела организира Ден без автомобили

Под мотото „Улици за луѓе“, Град Скопје на 30 мај организира Ден без автомобили, со цел промоција на политиките за креирање одржлив сообраќаен систем, но и да се даде можност граѓаните активно да се вклучат и да ги почувствуваат придобивките од хуманизацијата на урбаниот простор.

Скопје, 28 мај 2021 (МИА) – Под мотото „Улици за луѓе“, Град Скопје на 30 мај организира Ден без автомобили, со цел промоција на политиките за креирање одржлив сообраќаен систем, но и да се даде можност граѓаните активно да се вклучат и да ги почувствуваат придобивките од хуманизацијата на урбаниот простор.

-За таа цел, улицата „Васко Карангелевски“ во Аеродром ќе биде затворена за автомобилски сообраќај вкупно 12 часа, во периодот од 8 до 20 часот. На потегот од булеварот Јане Сандански до крстосницата со улицата „Владимир Комаров“ ќе се случуваат различни културни активности за возрасните, но и за најмладите, информира Град Скопје.

Ваквите активности, како што соопшти Град Скопје одат во прилог на зацртаната цел на Град Скопје да се стекне со титулата „Зелена престолнина во Европа“.

-Таму, токму одржливата урбана мобилност е еден од дванаесетте критериуми и особено е нагласено дека Градот треба да се стреми кон преполовување на употребата на автомобили со конвенционални фосилни горива до 2030 година, се вели во соопштението.

Од Град Скопје истакнаа дека спроведувањето на проектот за брз автобуски превоз, се очекува да донесе трајно намалување на употребата на индивидуални моторни средства, но за да се постигне тоа, граѓаните треба да се навикнуваат да ги оставаат своите автомобили дома, за почеток во деновите наменети за одмор и рекреација. ки/са/

Back to top button
Close
Close