Општински вестиСкопје

Град Скопје: Со над 3000 пријави исполнети се финасиите за јавниот повик за субвенции за велосипеди

Јавниот повик за субвенции за велосипеди е затворен, поради големата заинтересираност и исполнување на предвидените средства. На јавниот повик аплицирале вкупно 3 057 граѓани, со што се исцрпени предвидените финасиски средства, информира Град Скопје.

Скопје, 7 мај 2021 (МИА) – Јавниот повик за субвенции за велосипеди е затворен, поради големата заинтересираност и исполнување на предвидените средства. На јавниот повик аплицирале вкупно 3 057 граѓани, со што се исцрпени предвидените финасиски средства, информира Град Скопје.

Во Буџетот на Град Скопје за 2021 година за субвенции за велосипед беа предвидени 8,5 милиони денари. Во изминатите години доделени се над десет илјади субвенции за граѓаните кои купија велосипед.

Јавниот повик беше објавен на 19 април оваа година, се аплицираше онлајн на линк објавен од Градот Скопје.  Од Град Скопје велат дека граѓаните покажале голема заинтересираност за проектот, а со тоа покажале и висока свест за заштита на животната средина. ки/са/

Таг
Back to top button
Close
Close