Општински вестиСкопје

Град Скопје почна со дистрибуција на кинеската донација, 2.000 маски за „8 Септември“

Град Скопје денеска почна со дистрибуција на 50.000 заштитни маски кои ги доби како донација од збратимениот град Нанчанг од Кина. Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ја почна распределбата на маските од инфективното одделени на градската болница „8 Септември“, на кое му додели 2.000 маски. Тој се заблагодари за донацијата од кинескиот град, на Народна Република Кина и на нашата Влада која помогнала при транспортот на заштитните маски.

Скопје, 30 април 2020 (МИА) – Град Скопје денеска почна со дистрибуција на 50.000 заштитни маски кои ги доби како донација од збратимениот град Нанчанг од Кина. Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ја почна распределбата на маските од инфективното одделени на градската болница „8 Септември“, на кое му додели 2.000 маски. Тој се заблагодари за донацијата од кинескиот град, на Народна Република Кина и на нашата Влада која помогнала при транспортот на заштитните маски.

-Денеска симболично почнуваме со дистрибуцијата на заштитните маски. На вработените на инфективното одделение на градската болница ќе им дадеме 2.000 заштитни маски. Дел од маските ќе завршат во здравствените институции кои се наоѓаат на територијата на главниот град. Ова е време во кое мораме сите да се грижиме за здравјето на здравствените работници, за тие да можат да бидат во состојба да помогнат на луѓето во оваа пандемија која го зафати целиот свет, истакна Шилегов.

Тој порача 1 Мај да биде посветен на здравствените работници и ги замоли граѓаните на Скопје да останат дома и да се придржуваат кон мерките, да издржат уште малку, оти, како што рече, пикот на епидемијата е при крај.

Доктор Каламарас Патриција, координатор на Ковид-19 центарот во „8 Септември“, се заблагодари за донацијата.

-Благодарам за донацијата и овој благороден гест, кој придонесува нашиот целокупен персонал да остане во добра здравствена состојба, за да може и натаму да придонесе во лекувањето на пациентите, истакна докторката Каламарас.ир/лв/

Изјава Петре Шилегов

Posted by MИА.mk on Четврток, 30 април 2020

Таг
Back to top button
Close
Close