Оригинални текстовиСкопје

Град Скопје: Не е во наша надлежност изградбата на лифтот кај ГТЦ, неосновани обвинувањата од Попова

Град Скопје ги отфрла неоснованите и груби обвинувања кои на денешната прес-конференција ги изнесе Ирена Попова, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје во врска со изградбата на лифтот на влезот во Градскиот трговски центар.

27 април 2020 

РЕАКЦИЈА

Град Скопје ги отфрла неоснованите и груби обвинувања кои на денешната прес-конференција ги изнесе Ирена Попова, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје во врска со изградбата на лифтот на влезот во Градскиот трговски центар.

Сакаме да нагласиме дека изградбата на овој објект не е во надлежност на Градот Скопје, односно, Градот Скопје нема никаква поврзаност со реализацијата на овој проект. Поради тоа, грубите навреди и обвинувања што советничката Попова ги изнесе на денешниот прес се беспредметни и немаат никаква основа. Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се ослободи од старата матрица на размислување и не може да ја види и прифати различноста во водењето на градот и неговите капацитети според новите, чесни стандарди според закон и пропис.

Градот Скопје останува на фактот дека ГТЦ е симбол на модерно, постземјотресно Скопје и споменик на развојот на градот. Поради тоа, надлежните институции треба да направат се овој објект да заживее, да привлече посетители и да си го врати статусот што го имаше до пред само неколку години.

Тој процес, Градот Скопје го помага исклучиво со активности што се во негова надлежност – се уредува плочникот на влезот на ГТЦ и градскиот плоштад, кој беше еден од најзапуштените простори во централното градско подрачје. Исто така, во соработка со Градскиот трговски центар и со УНДП, еден дел од покривот на ГТЦ кој беше неискористен минатата есен беше уреден во зелена оаза која ќе придонесе за подобрување на квалитетот на воздухот во центарот на градот и за намалување на температурата во топлите летни денови, а на посетителите ќе им овозможи да се релаксираат во пријатно опкружување.

-МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close