Видео изјаваОпштински вестиСкопје

Град Скопје набави пет специјализирани комунални возила-камиони за собирање и транспорт на комунален отпад

Град Скопје набави пет специјализирани комунални возила-камиони за собирање и транспорт на комунален отпад. Возилата се од марката „Ивеко“ и ќе се употребуваат за собирање и транспорт на комуналниот отпад од контејнерите наменети за колективните домаќинства, како и од кантите поделени во индивидуалните домаќинства на територијата на градот Скопје.

Скопје, 21 јуни 2021 (МИА) – Град Скопје набави пет специјализирани комунални возила-камиони за собирање и транспорт на комунален отпад. Возилата се од марката „Ивеко“ и ќе се употребуваат за собирање и транспорт на комуналниот отпад од контејнерите наменети за колективните домаќинства, како и од кантите поделени во индивидуалните домаќинства на територијата на градот Скопје.

Градоначалникот Шилегов истакна дека до крајот на оваа година ќе бидат набавени уште 32 вакви возила од нив ќе има автоцистерни, камиони, самоподигнувачи и кипери, кои како што рече ќе бидат испорачани до крајот на месецот и нивната вкупна вредност е околу 200 милиони денари со вклучено ДДВ.

– Ова се пет од 37-те возила кои допрва треба да пристигнат во нашиот град, за кои ЈП „Комунална хигиена“ спроведе постапка за јавна набавка, а договорот е склучен кон крајот на минатата година. Овие возила се наменети за собирање и транспорт на отпад за џебните канти кои што се наоѓаат во нашиот град, но и за индивидуалните канти во домаќинствата, нивната вредноста е 38 милиони денари со вклучен данок на додадена вредност. Напоменувам дека сите овие возила кои што ги купуваме, целата оваа техника е технолоши најнапредна која може да се добие на пазарот во овој момент, со цел да влијаеме на неколку компоненти, првата е јавната хигиена, а втората е што нема да го загадуваат нашиот град. Градот Скопје нема да престане со инвестирање во овој тип на јавните претпријатија напротив ќе ги унапредуваме процесите внатре во претпријатијата со цел да постигнеме едно поголемо ниво на сервис кај граѓаните, изјави градоначалникот.

Додаде дека Град Скопје планира да го зголеми инспекцискиот надзор и казнената политика.

-Ќе ги повикам скопјани да го чуствуваат градот како свој дом, затоа што кога го третираме градот како заеднички дом тогаш му даваме поголема убавина и повеќе сме врзани за него, а верувам дека нема човек кој што не сака да живее во еден поуреден, почист и поеколошки град, порача Шилегов.

На настанот се обрати и директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани кој рече дека со оваа набавка на возила се заокружува обновувањето на вознот парк во претпријатието.

– На почетокот на нашиот мандат Јавното претпријатие го затекнавме со изнемоштен возен парк, во кој што имавме навистина големи проблеми во делот на одржувањето, поради тоа ја започнавме набавката на новите возила кои што денеска пристигнаа, изјави директорот Шабани.

Воедно информира дека следна цел на претпријатието е рециклажен двор во секоја општина.

Одговарајќи на новинарско прашањето зошто сè уште нема комунална полиција градоначалникот изјави дека подготвиле текст кој во текот на јуни или до крајот на јули како закон со прибавени сите мислења треба да ја помине владината постапка и процедура и истата да се донесе во Собранието.

Инаку, новите пет специјални комунални возила-камиони се дел од набавка што ЈП Комунална хигиена-Скопје ја започна на почетокот на оваа година, а во чиишто рамки досега беа пуштени во употреба и десет машини наменети за метење на јавните и сообраќајните површини.свс/дма/

Таг
Back to top button
Close
Close