0_Македонија.ПорталОпштествоСкопје

Град Скопје: Лани двојно помалку пријавувања на бројот 193 од 2019

Во последните два месеца од 2020 година, на телефонскиот број 193 има вкупно 23 јавувања, односно 8 интервенции на Противпожарната бригада и 15 интервенции на Инспекторатот на Град Скопје, информираат од Град Скопје, од каде ја продлжуваат кампањата за пријавување огнови на отворено  на бесплатната телефонска линија 193.

Скопје, 8 јануари 2021 (МИА) – Во последните два месеца од 2020 година, на телефонскиот број 193 има вкупно 23 јавувања, односно 8 интервенции на Противпожарната бригада и 15 интервенции на Инспекторатот на Град Скопје, информираат од Град Скопје, од каде ја продлжуваат кампањата за пријавување огнови на отворено на бесплатната телефонска линија 193.

За разлика од 2020, во текот на 2019 година, бројот на јавувањата и на интервенциите во истиот период, односно за ноември и декември, е речиси двојно поголем, со вкупно 42 јавувања на бројот 193.

Кампањата за пријавување огнови на отворено, на бесплатната телефонска линија 193, се спроведува четврта година, заедно со кампањата за спречување на палењето стрништа, односно остатоците од берба и субвенциите за чистење на оџаците во домаќинствата.

Од Град Скопје велат дека ова се едни од најважните кампањи за подигање на свеста во борбата против аерозагадувањето и најавуават дека ќе продолжат со реализација.ар/лв/

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close