Општински вестиСкопје

Град Скопје додели 100 илјади денари награда за атлетската рекордерка Дрита Исљами

Град Скопје, по предлог на градоначалникот Петре Шилегов, ќе ѝ додели 100 илјади денари награда на македонската атлетичарка, Дрита Исљами, која по втор пат во последните три недели го собори државниот рекорд во дисциплината 400 метри со пречки, информираат од општината.

Скопје, 23 јуни 2021 (МИА) – Град Скопје, по предлог на градоначалникот Петре Шилегов, ќе ѝ додели 100 илјади денари награда на македонската атлетичарка, Дрита Исљами, која втор пат во последните три недели го собори државниот рекорд во дисциплината 400 метри со пречки.

Исљами на првиот ден од Европското екипно првенство во Лимасол ја истрча патеката во време од нов македонски рекорд од 57.53 секунди и го освои првото место.

Во соопштението од Град Скопје наведуваат дека со Програмата за активностите во областа на спортот и младите во град Скопје, оваа општина редовно финансиски и логистички ги поддржува спортските клубови регистрирани на подрачјето на град Скопје. ар/скс/

Таг
Back to top button
Close
Close