ОпштествоСкопје

Град Скопје доби 322 милиони денари за ваучери за инвертер клими

Советот на град Скопје на денешната седница ги усвои предложените измени и дополнувања на годинешниов буџет, со што во него се вклучија префрлените средства од владата за планираните субвенции за инвертер клима уреди.

Скопје, 29 јануари 2020 (МИА) – Советот на град Скопје на денешната седница ги усвои предложените измени и дополнувања на годинешниов буџет, со што во него се вклучија префрлените средства од Владата за планираните субвенции за инвертер клима уреди. Дополнително во наредниот период Советот на град Скопје, треба до донесе одлука за распишување на јавен повик каде граѓаните на Скопје, ќе може да аплицираат за добивање  ваучери од 60 илјади денари.

-Во основниот буџет на Град Скопје за 2020 година на приходната страна се врши зголемување на планираниот вишок на приходи во износ од 340 милиони денари, односно 7,4 отсто. Со одлука на Владата на крајот на 2019 година, беа одобрени и префрлени на посебна наменска сметка на Град Скопје 322,4 милиони денари, со намена набавка на високоефикасни инвертер клима уреди, а со цел намалување на аерозагадувањето на подрачјето на Град Скопје, се вели во образложението на одлуката за измени и дополнувања на Буџетот на град Скопје за 2020 година.

Инаку, од оваа мерка против загадувањето во главниот град се очекуваа да 5.200 семејства да добијат ваучери. оџ/скс/

Back to top button
Close
Close