0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталОпштество

Град Скопје: Дезинфекција на такси-возилата и јавниот превоз

Град Скопје испрати препорака до сите такси-превозници на подрачјето на градот Скопје да ги дезинфицираат такси-возилата на дневна основа пред да се вклучат во сообраќај, а такси-возачите да користат лична зашитита, маска и гумени ракавици.

Скопје, 12 март 2020 (МИА) – Град Скопје испрати препорака до сите такси-превозници на подрачјето на градот Скопје да ги дезинфицираат такси-возилата на дневна основа пред да се вклучат во сообраќај, а такси-возачите да користат лична зашитита, маска и гумени ракавици.

– Дополнително, пратен е и допис до сите претставници на приватните превозници кои се вклучени во јавниот сообраќај во Скопје за интензивирање на активностите за чистење и дезинфикација на нивните возила, како и за потребата за редуцирање на возниот ред кај приватните превозници, се вели во денешното соопштение од Град Скопје.

Оттаму ги потсетуваат граѓаните дека сите возила на ЈСП се подложуваат на дополнителен третман за дезинфекција, уште од пред десетина дена. Секое возило, независно дали сообраќа цел ден на одредена линија или се вклучува еднократно, е подложно на дополнителна дезинфекција, како една од мерките за заштита од коронавирусот.

Од Град Скопје потенцираат и дека возилата се дезинфицирааат со распрскување на соодветни средства на база на алкохол и Дезинтал 10%, како и дека се врши и рачна дезинфекција на одделни делови од возилото, како што се ракодржачите и слично. Секое возило, се посочува во соопштението, се третира со дополнителната дезинфекција еднаш, пред вклучување на линијата или потоа, во зависност од динамиката и распоредот на сообраќање во јавниот превоз.

-Инаку, редовна внатрешна дезинфекција на автобусите се врши секојдневно преку т.н. редовна дневна нега (чистење, миење) на возилата. Притоа, возилата се третираат со соодветни еколошки средства кои имаат дезинфекциско својство. Секое возило, пред да се пушти во сообраќај, е подложно на дневна нега, се вели во соопштението од Град Скопје.

Согласно препораките на Владата, потсетуваат оттаму, од денеска автобусите на јавниот превоз сообраќаат според редуциран возен ред, идентичен на возниот ред што важи за време на зимскиот, односно летниот училишен распуст. Редуцираниот возен ред ќе важи во наредните две недели, односно до наредните препораки од надлежните институции.

Согласно со актуелната состојба со корона вирусот, како една од мерките и препораките на Владата за намалено користење на јавниот превоз со цел превенција од ширење на вирусот од денеска нема да важи и одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица, жени со 62 години, мажи со 64 години, во вторник, петок, сабота и недела во јавниот превоз и на  Жичницата на Водно. Според препораките и поради тоа што наставниот процес е прекинат од денеска нема да важат ниту бесплатните годишни средношколски и студентски билети за користење на јавниот превоз. сст/сп/

Back to top button
Close
Close