0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталОпштество

Граѓански буџетски совет „Моја заедница. Моја визија“

Во Градскиот парк во Скопје денеска ќе се одржи Граѓански буџетски форум „Моја заедница. Моја визија“. Форумот е организиран од Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н. во соработка со активистката за заштита на животни и животна средина и членка на Советот на Град Скопје, Драгана Велковска.

Скопје, 16 септември 2020 (МИА) – Во Градскиот парк во Скопје денеска ќе се одржи Граѓански буџетски форум „Моја заедница. Моја визија“.
Форумот е организиран од Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н. во соработка со активистката за заштита на животни и животна средина и членка на Советот на Град Скопје, Драгана Велковска.
На форумот, кој ќе биде модериран од професорот по економија Бранимир Јовановиќ, ќе се дискутираат сет предлози „За зелен и хуман град“ како што се градска народна кујна за социјално ранливите категории на граѓани, ресурсен центар за самохрани родители и деца од еднородителски семејства, соодветна помош за културните работници, зголемување на процентот на квалитетна велоинфраструктура и мерки за поттикнување безбедни алтернативни форми на транспорт, вклучување на неформалните постапувачи со отпад во системот и поттикнување селекција на отпад во станбените згради,…..
Предлозите што ќе произлезат од форумот ќе бидат предадени до градоначалникот и Советот на Град Скопје за да бидат вклучени во предлог-буџетот за 2021 година за кој Советот на Град Скопје ќе треба да гласа на крајот на годинава. бак/ац/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close