Kultura.SlajderДописници МКДКултураКултура.Портал

Граѓанската организација „Стела“ донираше женска литература во библиотеката во Делчево

Граѓанската организација „Стела“ преку иницијативата „Сподели авторка“, денес во Делчево донираше повеќејазични наслови на книги за потребите на Јавната локална библиотека „Илинден“. Целта на активноста, како што истакна директорката Билјана Петровска, е преку книги напишани на македонски, албански и англиски јазик во повеќе библиотеки низ земјата, да се зголеми читањето на литература напишана од жени.

Делчево, 17 април 2021 (МИА) – Граѓанската организација „Стела“ преку иницијативата „Сподели авторка“, денес во Делчево донираше повеќејазични наслови на книги за потребите на Јавната локална библиотека „Илинден“. Целта на активноста, како што истакна директорката Билјана Петровска, е преку книги напишани на македонски, албански и англиски јазик во повеќе библиотеки низ земјата, да се зголеми читањето на литература напишана од жени.
-Навистина ми е многу мило што ЈЛБ „Илинден“ е една од библиотеките каде „Стела“ донира 30 книги. Им благодариме и се надеваме на идна соработка. Книгите откако ќе бидат обработени како што додаде ќе се најдат на полиците на библиотеката и ќе бидат достапни до сите читатели,  истакна Петровска.
Сара Миленковска коосновач на граѓанска организација додаде дека „Стела“ е иницирана од група ентузијастки кои сакаат да го подобрат пристапот до високо образование и економско омоќнување на жени и девојки во Македонија.
-Успеавме да добиеме средства за 100 книги и денес во Делчево ја имаме честа да го донираме вториот пакет на книги на оваа библиотека. Претходно бевме во Битола, следно место каде ќе одиме е Струга и многу ни е важно оваа иницијатива да порасне во поголема иницијатива, со што ќе донираме се поголем и поголем број книги, рече Миленковска и изрази надеж повеќе да се користат библиотеките особено за време на пандемија, со што читателите ќе дознаат нешто повеќе за феминизмот.
 
Активноста „Сподели авторка се реализира на иницијатива на Комисијата за еднакви можности чиј координатор Сузана Петровска додаде дека донираните книги ќе ги пополнат празнините во литературата која се користи во образовниот процес.
 
-Збогатувањето на книжевниот фонд на нашата библиотека и читањето книги одсветски познатите авторки, барем малку ќе ни ги пополни празнините кои верувам дека сите ги чувствуваме од отсуството на меѓусебната комуникација и дружење. Оваа литература што денеска ја добивме верувам дека ќе ги пополни и празнините во литературата која се користи во образовниот процес, бидејќи реално гледано редовната литература која ја користат учениците и студентите е оскудна во однос на знаења кои би ја подигнале свеста кај младите за еднаквите можности на жените и мажите и свесноста за вградување на родовиот концепт во секој сегмент од животот, туку напротив таа литература се уште е полна со родови стереотипи и сексистички наративи, додаде Петровска.
 
Од Комисијата за еднакви можности и Јавната локална библиотека „Илинден“ преку вакви и слични настани најавија продолжување на соработката со граѓанската организација. вс/бк/

Back to top button
Close
Close