Дописници МКДОпштински вести

Граѓани на Струга реагираат на нестручна реконструкција на два моста на Црн Дрим во градот

Група граѓани на Струга во писмен допис до медиумите реагираат на начинот на кој се врши реконструкција на два од трите моста на реката Црн Дрим во градот. Тие сметаат дека реконструкцијата се спроведува нестручно, со сомнителен проект, на аматерски начин за кој сметаат дека ќе ги видоизмени самите градби спротивно на урбаниот контекст.

Охрид, 16 јануари 2020 (МИА) – Група граѓани на Струга во писмен допис до медиумите реагираат на начинот на кој се врши реконструкција на два од трите моста на реката Црн Дрим во градот. Тие сметаат дека реконструкцијата се спроведува нестручно, со сомнителен проект, на аматерски начин за кој сметаат дека ќе ги видоизмени самите градби спротивно на урбаниот контекст.

Според нив, Мостот на поезијата е објект во заштитена урбана целина, со статус на објект на агистрален градски пат од највисок ранг.

– Поставен е на устието на реката Дрим и е обележје на нашиот град. На истата улица на само 30 метри е искасапен препознатливиот дрворед од елки, со преод кон цел паркинзи за коли и проширување на улицата веројатно за задоволување на потребите на неколку нови угостителски објекти. Промена на профил на улица од ваков ранг, без промена на план и носење на ново сообраќајно решение со широк опфат од стручни тимови е тешка опструкција на државата и за тоа сигурно се одговора пред органите на судот, се наведува во нивниот допис.

Истовремено тие бараат од државата и централните инспекциски служби да извршат увид во целокупната документација што е или не е издадена за односните интервенции.

– Проектот за негово видоизменување со цел „разубавување” е проектантски блуд, грешка која понатаму може многу да го чини овој град. Од никаде се наметнува сомнителна естетика со предоминатна орнаментика и светла на самата ограда. Самата пропорција на елегантниот мост е нарушена. Димензиите на оградата се зголемени, на самата конструкција од мостот се цртаат фуги од камења, се поставуваат огромни челични столбови кои кријат електрична инсталација, се бетонираат двете страни на мостот. Тоа се дополнителни товари кои ја нарушуваат статиката и ја доведуваат во прашање нејзината определеност. Менувањето на оградата ќе доведе до појачување во долна зона и појавување на некакви потпори од столбови со што самиот мост се видоизменува и непотребно се комплицира неговата конструкција. Асфалтните пешачки тротоари кои беа во одличма форма се раскопани со умисла за поставување плочки. Плочките ја видоизменуваат линијата на мостот. Сега елегантниот бетонски лак станува полигонален, стои во писмото.

Поради наведените забелешки и активностите на терен за кои сметаат дека естетски го нарушуваат изгледот на мостовите и поширокиот амбиент, тие бараат запирање на сите градежни зафати сè додека не се спроведе ревизија на проектот. аб/дма/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close