0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталМакедонија.СлајдерПолитика

Говор на омраза: Не ни требаат дополнителни закони, туку ефективен ангажман од институциите

Говорот на омраза околу 82 проценти се манифестира на социјалните мрежи, а виктимолошката рамка е припадност на одредена социјална, етничка, верска, социјална група, сексуална ориентација и друго. Важно е да се адресира и говорот на омраза кон политичарките и новинарките, кои често се соочуваат со коментари и напади, а таквата злонамерна содржина се шири со помош на интернетот. Ова е многу важен момент за земјата, која се стреми кон постигнување на стратешките цели, а избори кои се слободни, фер и без омраза се од суштинска важност за напредокот на државата. Не ни требаат дополнителни закони, туку ефективен ангажман од институциите и има потреба од градење на капацитетите во судството за препознавање на говорт на омраза и дискриминацијата по различни основи.

Скопје, 5 февруари 2020 (МИА) – Говорот на омраза околу 82 проценти се манифестира на социјалните мрежи, а виктимолошката рамка е припадност на одредена социјална, етничка, верска, социјална група, сексуална ориентација и друго. Важно е да се адресира и говорот на омраза кон политичарките и новинарките, кои често се соочуваат со коментари и напади, а таквата злонамерна содржина се шири со помош на интернетот. Ова е многу важен момент за земјата, која се стреми кон постигнување на стратешките цели, а избори кои се слободни, фер и без омраза се од суштинска важност за напредокот на државата. Не ни требаат дополнителни закони, туку ефективен ангажман од институциите и има потреба од градење на капацитетите во судството за препознавање на говорт на омраза и дискриминацијата по различни основи.

Ова се дел од пораките кои ги упатија на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, Амбасадорот Клеменс Која, шеф на мисијата на ОБСЕ во нашата држава, Марина Тунева,извршен директор на Советот на етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Катерина Синадиновска, претседател на Управниот одбор на СЕММ во однос на говорот на омраза во медиумите за време на преизборниот период.

Министерот Чулев посочи дека политичките тензии не смеат да предизвикуваат или да водат кон говор на омраза. Тој упати апел до политичарите да бидат посебно одговорни во овој значаен период за нашата држава, како што рече, а одговорноста пред се ја разбира во насока  на внимателност и претпазливост при давањето изјави во јавноста, но и при секојдневната комуникација со граѓаните. Ги повика да бидат и потолерантни при критиките кои доаѓаат од јавноста, затоа што, нагласи Чулев, граѓаните се тие кои ја оценуваат и критикуваат нивната работа.

Тој ја потенцира подговеноста и отвореноста на полицијата, не само во текот на веќе почнатите подготовки за изборите, туку и надвор од нив, МВР да партиципира во градењето услови што ќе ги елиминираат сите закани, можни опасности или проблеми во одржувањето на демократски и мирни парламентарни избори.

– Говорот на омраза во медиумите, пред се, примарно е задача или обврска на самите медиуми, на нивните уредувачки правила и професионални стандарди. Полицијата не може, ниту пак сака некому да биде уредник и редактор. Она што полицијата го може и зад што ќе застане е стриуктна примена на законските одредби во поглед на говорот на омраза, порача меѓу другото министерот Чулев.

За сериозноста на проблемот, подвлече тој, зборува и фактот што во 2019 година во вакви случаи на говор на омраза на ниво на МВР бројот е зголемен за 54, 5 отсто, што е сериозна бројка. Регистрирани се 51 кривично дело, за кои се поднесени 45 кривични пријави против 51 сторител, од кои пак четири се отфрлени од Јавното обвинителство.

Во однос на периодот кога говорот на омраза се интензивира, тоа се некои познајачни општествени настани, со акцент на одредени политички ситуации, како што е донесување меѓународен договор, фудбалски натпревари…

Амбасадорот Клеменс Која, шеф на мисијата на ОБСЕ во нашата држава, нагласи дека ОБСЕ ги осудува сите форми на расисам, антисемитизам и нетолеранција и ги повикува сите членовите и поддржувачите на сите политички партии и медиумите да се воздржат од искажување и споделување навредливи содржини, кои ги омаловажуваат луѓето врз основа на етничка припадност, религија, убедување или други основи.

Говорот на омраза, рече меѓу другото тој, претставува пречка за политичко помирување и подобрување на меѓуетничките односи. Амбасадорот Која се осврна на извештајот на ЕК од 2018 година во кој се вели дека правната рамка во однос на говорот на омраза е генерално усогласена со меѓународните стандарди, но треба да се работи на подобрување на нејзиното спроведување. Извештајот, вели, исто така укажува на политичката поларизација што се отсликува на совијалните медиуми, каде се забележува најголемиот дел од говорот на омраза и повредите на стандардите на новинарската етика.

За Марина Тунева,извршен директор на Советот на етика во медиумите на Македонија, саморегуалацијата не е единствениот лек за говорот на омраза во медиумите, особено, истакна, не во општество во кое долго време отсуствувале демократските капацитети.  Таа најави дека како резултат на бројни консултации во изминатиот период констатирано е дека има потреба за градење капацитети во судството за препознавање на говорт на омраза и дискриминацијата по различни основи и во таа насока СЕММ планира да се вклучи во таков тим активности. Се разговара, информира Тунева, и за потенцијална поддршка и приклучување и кон други организации што ќе спроведуваат обуки од  таков тип, со цел да се препознава овој феномен.

Катерина Синадиновска, претседател на Управниот одбор на СЕММ смета дека не ни требаат дополнителни закони, туку ефективен ангажман од институциите. – На говорот на омраза не смее да се гледа како обично прекршување на новинарскиот кодекс или стандарди. Се работи за поспецифична форма регулирана со кривичен закон и тука улогата на медиумските организации, на професионалните новинарски здруженија, не може до крај да биде ефективна доколку државата не ги спроведе законите како што треба, оцени Синадиновска. цр/са/

Прес ОБСЕ МВР и Совет за етика во медиумите

Posted by MИА.mk on Среда, 05 февруари 2020

Back to top button
Close
Close