0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштествоОпштински вестиХроникаХроника.Портал

Гостиварка го пријавила сопругот дека ја принудувал на проституција

Гостиварка го пријавила сопругот во полиција дека ја принудувал на проституција, по што две лица се лишени од слобода.

Гостивар, 16 јануари 2020 (МИА) – Гостиварка го пријавила сопругот во полиција дека ја принудувал на проституција, по што две лица се лишени од слобода.

Според СВР Тетово, дваесетгодишна гостиварка вчера, во 21 часот и 50 минути, пријавила дека најзиниот 21-годишен сопруг ѝ се заканувал и во неколку наврати ја присилувал на сексуални односи со негов другар. Според пријавеното, кој му плаќал и одреден паричен надоместок на сопругот.

Двајцата, сопругот и 19-годишникот од Гостивар, поради сомнение за инволвираност во случајот, лишени се од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар. Од СВР Тетово информираат дека се работи на расчистување на случајот. згм/мч/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close