Дописници МКДОпштински вести

Гостиварци покажуваат хуманост, донации од компјутери, маски средства за дезинфекција

Самоиницијативно или по повиците на локалната власт, гостиварци покажуваат хуманост со донации, во кои покрај храна, хигенски препарати, заштитни маски, скафандери има и компјутери. Десетина значајни донации без публицитет деновиве стигнале и во Црвениот крст.

Гостивар, 10 април 2020 (МИА) – Самоиницијативно или по повиците на локалната власт, гостиварци покажуваат хуманост со донации, во кои покрај храна, хигенски препарати, заштитни маски, скафандери има и компјутери. Десетина значајни донации без публицитет деновиве стигнале и во Црвениот крст.

По социјалните мрежи, вчера и денеска, особен интерес и поддршка доби донацијата на компанијата „Нани Принт“ од Гостивар. Од оваа компанија објавија дека ќе подарат компјутери на ученици од социјално загорезните семејства.

– Актуелната состојба најмногу ги погоди учениците кои не се во можност да следат он лајн настава. Тие се во таква состојба и немаат можност да купат некаков технолошки уред. За оваа намена решивме да донираме 55 компјутерски конфигурации. Предност ќе имаат повеќедетните семејства, но за донација може да аплицираат и другите, рече Ќенан Садику од Нани Принт.

Пријавувањето ќе започне од понеделник, во локалот кој се наоѓа во трговски центар „Елкос“ или на некој до телефонските броеви на компанијата.

Општата болница, значително ги подобри залихите со заштитна опрема, маски, сакафандери и средства за дезинфекција и хигиена, благодарејќи на дарежливоста на гостиварци.

Последниот случај беше топло поздравен од гостиварци. На социјалните мрежи беше објавено дека гостиварец кој работи и престојува во Охрид, испратил донација за болницата. Божидар Гегоски, набави и достави две илјади заштитни маски и неколку стотини литри средства за дезинфекција

Пред десетина денови, трговскиот ланец ЕТЦ, донираше значителна количина на заштитни маски, скафандери, хигиенски и средства за дезинфекција. Во меѓувреме повеќе поединци и други фирми исто така донираа слични продукти. Меѓудругото болницата се поднови и со 215 комлети на постелнина.

Болничката управа искажа и благодарност до поглаварот на ИВЗ реисул улема Хаџи сулејман еф. Реџепи и гостиварскиот муфтија кои вчера доставија три илјади заштитни маски.

Локалната самоуправа ги мобилизира приватните бизниси да помогнат со донирање на храна и хигиенски средства за социјално загрозените семејства. Од почетокот на кризата ОО Црвен Крст Гостивар има распределено над 800 пакети.

Општините Гостивар и Маврово Ростуше на Црвениот крст му уплатија по 150 илјади денари. згм/дма/

Back to top button
Close
Close