Политички партии

Гошаревски: Имавме Езеро кое долго време разединуваше, сега стана обединувачки фактор

Градоначалникот на Ресен, Жарко Гошаревски ги презентираше идејните решенија за развој на преспанскиот регион коишто настанале во соработка со Европската унија, набрзо после потпишувањето на Преспанскиот договор.

Скопје, 12 февруари 2020

Од изолација до интеграција е заклучокот од програмската трибина организирана од СДСМ Агенда 20-24, посветена на развојот на преспанскиот регион.

Градоначалникот на Ресен, Жарко Гошаревски ги презентираше идејните решенија за развој на преспанскиот регион коишто настанале во соработка со Европската унија, набрзо после потпишувањето на Преспанскиот договор.

Гошаревски кажа дека бил свесен дека после тој голем ден, ништо нема да биде исто, бидејќи таквите настани се случуваат еднаш во 100 години.

“Уште тогаш знаев дека Преспа веќе нема да биде иста и тоа се покажа со потпишувањето. И ретроспективно ако гледам, големината на тој момент што го осетив покрај сите тие гости, баш тука во нашата општина, е оној момент кога знаеш дека после ова нема ништо да е исто. Како градоначалник на Ресен работите ги гледав и локално , што ние можеме како ресенчани да добиеме од него. Преспа беше најбарано име на порталите, најчесто употребуван збор од политичарите и максимално се трудев да го искористам тој момент”

Гошаревски кажа дека остварил контакт со Еврокомесарот Јоханес Хан кој бил воодушевен од Преспа. Гошаревски истакна дека зборувајќи за потенцијалите на Преспа, му заблагодарил на Хан за финансиската помош од европските фондови.

“Имавме долго време Езеро кое не раздвојуваше а сега стана обединувачки фактор”, рече Гошаревски и додаде дека после разговорот со Хан во Преспа пристигнале консултанти кои изготвиле финална студија според потребите и информациите од невладините организации, земјоделски здруженија и др.

Развој на земјоделството, развој на туризмот и заштита на животна средина е фокусот за реализација во преспанскиот регион, кажа Гошаревски.

Тој изрази посебно задоволство што во целиот процес е вклучена и Влада на Република Северна Македонија. После разговорите со премиерот Зоран Заев дека ЕУ покрива финансиски до 85 отсто од потребните средства, формирано е тело во рамки на Владата за поддршка на развојот на преспанскиот регион, чијшто координатор е Едмонд Адеми,

Гошаревски рече дека мора да се заштити Преспанското Езеро. Најави изградба на пречистителни станици, канализација и изградба на инфраструктура.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close