ЕвропаЕвропа.Портал

Гори зградата на Светскиот трговски центар во Брисел

Во техничка просторија на 27-от кат во зградата на Светскиот трговски центар во Брисел попладнево избувнал пожар, а како што рече шефот на противпожарната служба, се запалил изолациски материјал.

Брисел, 6 август 2020 (МИА) – Во техничка просторија на 27-от кат во зградата на Светскиот трговски центар во Брисел попладнево избувнал пожар, а како што рече шефот на противпожарната служба, се запалил изолациски материјал.

Досега никој не е повреден.

На социјалните мрежи се објавуваат видеа од пожарот и густиот црн чад што се гледа од далеку.

Зградата сега не се користи затоа што се реновира, а во моментот на пожарот биле присутни само неколку работници, кои успеале навреме да се евакуираат. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close