0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Гори депонијата Мелци во Кавадарци

Гори депонијата Мелци во Кавадарци. Од Територијалната противпожарна единица потврдија за МИА дека пожарникари и комунални работници повеќе од четири часа интервенираат на непристапен терен опфатен со пожарот.

Кавадарци, 7 јануари 2020 (МИА) – Гори депонијата Мелци во Кавадарци. Од Територијалната противпожарна единица потврдија за МИА дека пожарникари и комунални работници повеќе од четири часа интервенираат на непристапен терен опфатен со пожарот.

– Се интервенира со камиони со вода, а дел од пламените јазици се посипуваат со земја со градежни машини од локални фирми, за да се локализира пожарот, рече командирот Александар Чадамов.

Екипите остануваат на терен со цел што е можно побрзо да стават крај на пожарот и да спречат поголеми последици од него. свд/вг/

Back to top button
Close
Close