0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштествоОпштински вести

Гори борова шума на потегот меѓу Милци и ГП Богородица

Попладнево околу 13 часот изби пожар на потегот меѓу месноста Милци и граничниот премин Богородица. Пожарникарски екипи од ТППЕ Гевгелија со возила и пожарникари веќе се излезени на терен и се борат да се справат со огнот кој поради правецот на дување на ветерот веќе ја зафати боровата шума со интенција да се шири во правец на граничната караула на АРМ, хотелот „Фламинго“ и кон граничниот премин Богородица.

Гевгелија, 3 август 2021 (МИА) – Попладнево околу 13 часот изби пожар на потегот меѓу месноста Милци и граничниот премин Богородица. Пожарникарски екипи од ТППЕ Гевгелија со возила и пожарникари веќе се излезени на терен и се борат да се справат со огнот кој поради правецот на дување на ветерот веќе ја зафати боровата шума со интенција да се шири во правец на граничната караула на АРМ, хотелот „Фламинго“ и кон граничниот премин Богородица.

На помош на пожарникарите им се приклучија и екипи од јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Гевгелија. Со заеднички напори присутните на терен се обидуваат да го локализираат пожарот и да го спречат неговото ширење кон наведените објекти и преминување на грчка територија. им/ки/

Таг
Back to top button
Close
Close