Дописници МКДОпштински вести

Гореле бали во Липково, оџак и бандера во Куманово

Вчера во кумановско гореле помошен објект, оџак, бандера, информираа денеска од кумановската противпожарна единица. Првиот пожар избувнал на оџак во ресторан, по 18 часот. Пожарникарите го гаселе со едно возило.

Куманово, 25 март 2020 (МИА)

Вчера во кумановско гореле помошен објект, оџак, бандера, информираа денеска од кумановската противпожарна единица. Првиот пожар избувнал на оџак во ресторан, по 18 часот. Пожарникарите го гаселе со едно возило.

Два и пол часа кумановските пожарникари гаселе пожар во помошен објект во село Липково каде гореле бали сено и слама.

– Втората интервенција е во село.Липково од 18:15 до 20:45часот на запалена племња (балирано сено,слама)  интервенираат со две пртивпожарни возила и тројца пожарникари, информираат од противпожарната единица.

По полноќ горела бандера на улицата „Миле Кипра“. Интервенцијата траела до 01: 25часот.

Кумановските пожарникари, информираше командирот, Дејан Илиевски активно се вклучени во дезинфекција на згради и други површини во Куманово, како дел од превенција за шиење на коронавирусот и една од препораките на општинскиот кризен штаб. ам/ир

Таг
Back to top button
Close
Close