0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Големиот проблем на Баерн во последните два натпревари

Шампионите вчера загубија со 1:2 од Борусија (Менхенгладбах), а една недела претходно беа поразени од Баер Леверкузен со истиот резултат. Статистиката покажува дека на овие два натпревари баварците упатиле 40 удари кон голот на противникот, но само 2 од нив биле во мрежата.

Минхен, 8 декември 2019 (МИА) – Двата последователни порази на Баерн Минхен во Бундеслигата се резултат главно на непрецизноста на играчите.

Шампионите вчера загубија со 1:2 од Борусија (Менхенгладбах), а една недела претходно беа поразени од Баер Леверкузен со истиот резултат. Статистиката покажува дека на овие два натпревари баварците упатиле 40 удари кон голот на противникот, но само 2 од нив биле во мрежата.

За споредба, Гладбах реализира два од 7 удари.

Покрај тоа, Роберт Левандовски се нема запишано за трет последователен натпревар во германското првенство, откако претходно постигна 16 гола на 11 натпревари.

Како резултат, Баерн е едвај на седмата позиција. За последно екипата беше толку назад во пласманот во оваа фаза од шампионатот во сезоната 1994/95. Тогаш Минхен заврши на шестото место – 6 бода од шампионот Борусија Дортмунд.

Таг
Back to top button
Close
Close