Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Голем пожар во индустриската зона во Мостар

Голем пожар синоќа изби во индустрискката зона во Мостар, при што огнот зафати простор од неколку километри

Сараево, 18 септември 2020 (МИА) – Голем пожар синоќа изби во индустрискката зона во Мостар, при што огнот зафати простор од неколку километри.

Во гаснењето на огнот, што загрози приватни и деловни објекти, покрај пожарникарите се вклучија и граѓаните.

Работата на пожарникарите беше отежната  од силниот ветер. Во гаснењето на огнот учествуваа пет противпожарни возила.

Нема информации за евентуални жртви. ми/

 

Таг
Back to top button
Close
Close