Дописници МКДОпштински вести

Голем интерес за здравствената струка, мал за машинство и електротехника во ОСУ„ Мирко Милески“ Кичево

Во првиот уписен рок учениците кои штотуку го завршија основното образование, најголем интерес пројавија за медицинската струка а во нешто помал број имаше пријавени за гимназија и економски техничар. Најслаб интерес кај учениците владее за стручното образование и тоа електротехника, хемија и технологија и машински техничари, вели Бране Стојаноски, вработен во Педагошката служба.

Кичево, 18 јуни 2021 (МИА) – Во првиот уписен рок учениците кои штотуку го завршија основното образование, најголем интерес пројавија за медицинската струка а во нешто помал број имаше пријавени за гимназија и економски техничар. Најслаб интерес кај учениците владее за стручното образование и тоа електротехника, хемија и технологија и машински техничари, вели Бране Стојаноски, вработен во Педагошката служба.

Во првиот уписен рок во ОСУ„ Мирко Милески“ бројот на пријавени е просечен и во рамките на очекуваното. Традиционално најголем број на кандидати се пријавија за гимназија вкупно 62, од кои 50 каднидати ги исполнија условите. Интересот за здрвствената струка е голем и во овој уписен рок се пријавија дури 48 кандидати од кои се примени  29. Од останатите струки единствено  задоволителен е одзивот за смерот економија-право и трговија, каде се пријавени 29 кандидати од кои 17 ги исполнија условите, рече Стојаноски и посочи дека за одредени струки интересот е толку мал, што прашање е дали ќе можат да се формираат паралелки за овие струки.

– Довчерашните основци исклучително мал интерес пројавија за смерот хемија и лабораторија-хемиски лабораториски техничар, каде од седум пријавени само тројца ги исполнија условите. Потоа за смерот електротехничар за комјутерска техника и автоматика, каде во овој смер беа пријавени вкупно девет кандидадти од кои пет ги исполнија условите и смерот машинство-машинско енергетски техничар, каде од пет пријавени само двајца кандидати ги исполнија условите,  додава Стојаноски потсетувајќи дека учениците кои се одбиени можат да поднесат приговор во рок од 24 часа во архивата на училиштето, додека кандидатите кои не се примени задолжително да ги подигнат документите од Педагошката служба во училиштето во наредните два работни дена.

Што се однесува до паралелките на турски наставен јазик и таму одзивот на кандидатите е слаб.

– Во првиот уписен рок од 19 кандидати пријавени за гимназиско образование на турски јазик шест кандидати ги исполниле условите, додека 13 се одбиени.Во смерот електротехничар за компјутерска техника и информатика, пријавени се 13 кандидати од кои 1 ги исполнил условите. Во смерот економија-право и трговија за економски техничар од пет кандидати примени се двајца  во првиот уписен рок, нагласи Стојаноски.

Вториот уписен рок ќе се одржи во периодот од 23 до 25 јуни, кога имаат можност оние кои не се примени во првиот уписен рок, тогаш да бидат примени. за/оџ/

 

 

 

 

Back to top button
Close
Close