Дописници МКДОпштински вести

Голак од утрово со снежна покривка

Делчевски Голак од утрово е со нова снежна покривка. Љубители на планината кои се искачија на блиската планинска убавица велат дека снежната покривка изнесува околу седум сантиметри.

Делчево, 30 јануари 2020 (МИА) – Делчевски Голак од утрово е со нова снежна покривка. Љубители на планината кои се искачија на блиската планинска убавица велат дека снежната покривка изнесува околу седум сантиметри.

Тие додаваат дека патниот правец е чист и нема посериозни проблеми за искачување до планината.

– Имавме желба да го искачиме врвот Мала Чавка и на наше изненадување не затекна снежна покривка која не ја очекувавме. Глетката е навистина прекрасна, бидејки снегот го дава зимскиот „шмек” по кој е препознатлив Голак. Го посетивме и манастирот во изградба „Св.Пантелејмон” чија изградба напредува, а дополнителен мотив ни беше чистиот воздух кој го има во изобилство, велат посетители.
Снегот, кој најверојатно ќе се задржи и викендот, се очекува да донесе поголема група посетители во сабота и недела.
Патот до Голак од пред две и пол години е целосно реновиран, со што посетителите имаат подобар сообраќаен пристап до планината. вс/фф/

Back to top button
Close
Close