Дописници МКДОпштински вести

Годишнина од првиот број на „Битолски весник“

Редакцијата на „Битолски весник“ денеска одбележува 57 години од денот кога на 29 април 1964 година беше отпечатен првиот број на Битолски весник.

Битола, 29 април 2021 (МИА) – Редакцијата на „Битолски весник“ денеска одбележува 57 години од денот кога на 29 април 1964 година беше отпечатен првиот број на Битолски весник.

На 29 април 1964 година,  група ентузијасти и вљубеници во пишаниот збор, по иницијатива на тогашниот секретар на ОК ССРН, Иван Гиновски и првиот главен и одговорен уредник на Весникот, Владо Ласковски го издадоа првиот број на Битолски весник.

-Битолски весник е без сомнение единствениот локален весник што 57 години успешно опстојува во медиумскиот простор на печатените медиуми во земјава. Тоа на овие простори не му успеа на ниту еден друг локален печатен медиум во државата.За разлика од останатите локални печатени медиуми, кои не преживеаја на македонскиот медиумски простор и поради недостигот на финансиски средства  згаснаа,  Битолски весник е единствениот локален весник којшто и покрај бројните проблеми успешно опстојува  досега и за среќа на илјадници свои читатели не ја доживеа судбината на останатите печатени локални медиуми во државата, вели Менде Младеновски, прв човек на „Битолски весник“.

Младеновски нагласува дека Битолски весник знаел да информира, пофалува, но и да критикува – секогаш професионално, објективно  и одговорно.

-Новинарите на Битолски весник  уште од првиот број опстојувале на определебата  тој да биде весник на граѓаните на Битола. Љубовта на новинарите од сите генерации кон Битолски весник, кој го носи името на градот е нераскинливо поврзана и со нивната  љубов кон Битола. Ако ме прашате за тоа кој е рецептот за ваквиот подвиг, слободно ќе речам, тоа е љубовта и ентузиајзмот кон Весникот, истакна Младеновски.

Битолски весник во изминатите 57 години освен со издавање на Весникот бил издавач на голем број книги и организатор на бројни манифестации, а манифестацијата „Избираме најуспешн битолчани “, која традиционално ја организира веќе 22 години е вистинси бренд на Битола. мт/сст/

М.Т.

Таг
Back to top button
Close
Close