Дописници МКДКултураКултура.Портал

Годишен концерт на КУД „Рацин“ Кичево, без учество на фолклорната група

На 25 мај, вторник со почеток во 19:30 часот на платото пред Центарот за култура во Кичево, КУД „Рацин“ ќе го одржи традиционалниот годишен концерт, кој годинава поради пандемијата со коронавирусот, ќе биде во нешто поизменета форма и само со учество на оркестарот и солисти на друштвото.

Кичево, 24 мај 2021 (МИА) – На 25 мај, вторник со почеток во 19:30 часот на платото пред Центарот за култура во Кичево, КУД „Рацин“ ќе го одржи традиционалниот годишен концерт, кој годинава поради пандемијата со коронавирусот, ќе биде во нешто поизменета форма и само со учество на оркестарот и солисти на друштвото.

Додека фолклорната група поради истите причини нема да учествува на годишниот концерт,потврди Јован Митрески, раководител на оркестарот на Рацин.

-Бидејќи се уште во земјава е присутна пандемијата на коронавирусот, годишниот концерт на КУД „Рацин“ Кичево, ќе биде одржан во скратено издание со учество на оркестарот и вокални солисти од друштвото, додека фолклористите  нема да учествуваат на концертот. Оркестарот ќе се претстави со повеќе орски изведби од Касапско оро, Кичевско оро на гајда со солистот Дејан, сплетот Опа иха и други. Во рамките на концертот ќе настапат и Даниел Пејоски, кој ќе ги изведе песните Лено мори и За многу години македонци, додека вокалистката Маја Крстеска ќе се претстави со песните Моме оди за вода и Ангелино моме, потсети раководителот на оркестарот Јован Митрески.

Тој појасни дека концертот ќе се одржи на платото пред Центарот за култура на отворен простор, ако тоа го дозволи времето, во спротивно истиот ќе се одржи во големата сала од центарот според сите протоколи и со помал број присутни гледачи во салата.

Митрески додава дека доколку концертот се одржи на отворен простор, истиот треба да протекне со целосно почитување на протоколите, од одржување на меѓусебно растојание на присутните кои ќе го следат овој концерт, се до задолжително носење на заштитна маска и превентивна дезинфекција на рацете за сите присутни. за/ки/

Таг
Back to top button
Close
Close